Национална работилница за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки

Национална работилница за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки

Младинско учество Hits: 457

Младински Совет Прилеп даде значаен придонес на Националната работилница за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки преку фасилитирање и поттикнување на група млади кои работеа на решенија за поквалитетно и посуштинско учество на младите во процесите на донесување на одлуки.

На Работилницата учествуваа млади (на возраст од 15 - 29 години), претставници на младински организации/организации за млади, локални младински совети и службеници за млади.

Работилницата e дел од проектот „Младите може да бидат слушнати”, кој што го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво. 

 

Print