Божиќна работилница

Божиќна работилница

МСП новости Hits: 1623

На ден 04.01.2021 година, Младински Совет Прилеп заедно со најмладите од општина Прилеп, спроведе Божиќна работилница во просториите на МСП.

На креативната работилница најмладите цртаа, изработуваа креативни украси, меѓу кои и Витлеемската пештера, која со својот празничен амбиент ја раскажува чудесната Божиќна приказна.
За времетраењето на работилницата сите присутни се придржуваа до мерките за заштита од вирусот КОВИД19. 

Младински Совет Прилеп им се заблагодарува на учесниците за нивното учество и ги очекува повторно да присуствуваат на други креативни работилници.

 

 
Print