Можност за волонтирање во радио „Пулс“

Можност за волонтирање во радио „Пулс“

Отворени повици Hits: 1378

Младински Совет Прилеп објавува повик за 2 волонтерски позиции во рамки на Пулс Радио:

Задачи на волонтерите:

Што добиваат волонтерите?

Волонтерите ќе имаат можност да стекнат практично искуство во работа на програмски активности на проекти и работа во интернет радио.
Волонтерите ќе имаат целосна поддршка од тимот на МСП и ќе биде одржана и обука за работата во радио Пулс.

Секој од волонтерите ќе има активности во текот на работната недела (понеделник до петок) 3 часа, во времетраење од три месеци (Февруари - Април). Волонтерскиот ангажман за наведениот период е без надоместок со можност за понатамошно нивно ангажирање согласно вештините и компетенциите кои ќе ги докажат за време на волонтерскиот период.

Услови и критериуми за пријавување:

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: 

Да бидат тековни средношколци или да имаат завршено минимум средно образование;

Солидни компјутерски вештини (стандардни офис апликации и работа на интернет);

Солидно познавање на Англиски јазик.

 

Начин на пријавување 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

- Кратка биографија(на македонски или англиски јазик) со преглед на образованието, работното искуство и релевантните знаења и вештини, вклучително и нивото на познавање на стандардните офис апликации и интернет како и вештини поврзани со работа во радио;

Документите треба да се достават на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најдосна до 25 Јануари 2021 година (понеделник).

При пријавувањето, кандидатите во насловот на електронската порака треба да наведат: Волонтер во Младински Совет Прилеп и Пулс Радио.

Изборот ќе се изврши врз основа на доставените пријави, а дел од кандидатите ќе бидат повикани на разговор.

Пријавите доставени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Print