Промоција на Стратегискиот план на Инова Лаб-Битола за периодот 2020-2022 година

Промоција на Стратегискиот план на Инова Лаб-Битола за периодот 2020-2022 година

2019 Hits: 373

На промоцијата на Стратегискиот план на Инова Лаб, пред бројните присутни млади луѓе, волонтери, членови, поддржувачи и пред претставници на граѓанските организации од Пелагонискиот регион беа презентирани визијата, мисијата, стратегиските цели очекувани резултати и индикатори, како и идните приоритети во работењето на Инова Лаб.

Стратегискиот план на ИНОВА ЛАБ Битола е изработен согласно партиципативниот пристап со учество на основачите и членовите и со поддршка од партнерската организација Младински Совет Прилеп.
Проектот: „ОД МЛАДИ ЗА МЛАДИ“, се спроведуваше во периодот јули - декември 2019 година, а истиот е финансиран преку програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Association For Democratic Initiatives (ADI) од Гостивар и Здружение на граѓани Медиа Плус од Штип. Програмата е финансирана од Европската Унија.

Целосната галерија може да ја погледнете тука.

Print