Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП

Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на МСП

МСП новости Hits: 1016

На 2.10.2019 година (среда) МСП одржа голем Отворен ден за информирање на граѓаните за работата на Младински Совет Прилеп!

Отворениот ден го организиравме во рамките на проектот: „Активно вклучување на младите во организациските практики на МСП“ кој Младински Совет Прилеп го спроведува во периодот мај-ноември 2019.

Mладите имаа можност да слушнат повеќе за работата на Младински Совет Прилеп ни поставуваа прашања, даваа коментари, споделуваа идеи за наредни активности и за зголемување на нашата видливост и транспаретност на организацијата.

Програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“, ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС).

Print