Story of Europe

Story of Europe

„Приказна за Европа“ е книга со приказни, истата е дел од проектот „Story of Europe“, кој што го спроведуваше Младински Совет Прилеп. Проектот вклучуваше Младинска размена, чија цел беше промовирање и поддршка на меѓународниот дијалог и разбирање преку уметноста и културата. Оваа размена претставува продолжение на проектот „Културна рамка на Европа“.
Младите учесници од 5 земји од различни агли на Европа беа вклучени во процес на интеркултурно и неформално учење претставувајќи ја уметноста како клучен медиум и методологија. Уметноста како мастило  ги доведе младите луѓе од различни културни средини да живеат и работат заедно во мултикултурна средина. 
Младите раскажуваа приказни кои го изразуваат фолклорот и традицијата на нивните земји и на тој начин беше создадена книгата со приказни. 

„Story of Europe“

Date

06 September 2022

Tags

publications