Петиција 2 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Петиција 2 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Собрани уште 120 потписи од младите во Прилеп во знак на поддршка на иновативната иницијатива - Отворање на Младински Центар во Прилеп.

За да обезбедиме поголема поддршка од заедницата за прашањето кое го застапуваме (Отворање и менаџирање на Младински Центар во Прилеп) и да ги повикаме на одговорност локалните власти, МСП организираше јавен настан за собирање потписи во знак на поддршка  на иновативната иницијатива (Отворање на Младински Центар) кој што се одржа во Центарот на градот на 16 ти март 2023 година.

Младите од Општина Прилеп изразија огромна поддршка со потпишување на петицијата, а дополнително имаа можност неформално да дискутираат за нивните очекувања од идниот Младински Центар во Прилеп.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #CHinMK


Print   Email