Петиција 1 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Петиција 1 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Собрани се првите 100 потписи од Прилепските млади во знак за поддршка за отворање на Младински Центар во Прилеп.

За да обезбедиме поддршка од младите од заедницата за прашањето кое што го застапуваме (Отворање на Младински Центар во Прилеп), но и да го зголемиме притисокот за одговорност на локалните власти, во центарот на градот беше организиран првиот настан за собирање потписи.

На настанот беа достапни флаери и други промотивни материјали од проектот.

Преостануваат уште 3 настани за собирање потписи, преку кои очекуваме да собереме повеќе од 400 потписи.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #CHinMK 


Print   Email