Работилница 5 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Работилница 5 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Успешно се спроведи и последната (петта) работилница за дигитално учество на младите, која е дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“.

На работилницата, младите имаа можност да дискутираат за нивните очекувања од идниот Младински Центар во Прилеп.

Младите имаа можност да го искажат својот глас преку давање на коментари, сопствени идеи, мислења и ставови со користење на дигиталната платформа https://iniciraj.mk/ на која беше поставена иновативната иницијатива  (Отворање на Младински Центар во Прилеп) со цел да им се овозможи дигитално учество на младите.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот."


Print   Email