Работилница 4 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Работилница 4 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Се одржа четвртата работилница за дигитално младинско учество од проектот „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“.

Простор за едукативни работилници од неформално образование и семинари,
Простор каде што младите од Прилеп ќе имаат можност да волонтираат и да се дружат,
Простор за изучување и подобрување на странски јазици преку дружба, дискусија, забавни и едукативни игри...
...се само дел од препораките на младите кои произлегоа на четвртата работилница за дигитално учество, која е дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“. 

На младите им се даде можност да ја користат дигиталната платформа, https://iniciraj.mk/ на која беше поставена иновативната иницијатива  (Отворање на Младински Центар во Прилеп), каде што младите можат да даваат коментари, сопствени идеи, мислења и ставови, со цел да им се овозможи на младите да го искажат својот глас преку дигитални платформи.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #CHinMK 


Print   Email