Работилница 3 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Работилница 3 - „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Се одржа и третата работилница за дигитално младинско учество, која е дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“.

На Работилницата, фасилитирана од страна на Мобилизаторите на заедницата со млади од средните училишта, беа промовирани 2 аудио поткасти, снимени во рамки на проектот, беа презентирани препораките од младите кои произлегоа од двата ИНФО денови. Потоа на младите им беше дадена можност да остават свои коментари, мислења, идеи и ставови во однос на тоа „Каков тип на активности и услуги треба да нуди Младинскиот Центар“, користејќи ја дигиталната алатка iniciraj.mk и на овој начин се овозможи дигитално учество на младите.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #ChinMK


Print   Email