Работилница 1 „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Работилница 1 „Биди креатор на својата автономна зона - Младински Центар“

Се одржа првата работилница, како дел од проектот „Биди креатор на својата автономна зона – Младински Центар“.

Младински Совет Прилеп, на 12 декември 2023 година спроведи работилница за им овозможи на младите да дадат коментари, сопствени идеи, мислења и ставови во однос на иновативната иницијатива (Отворање на Младински Центар во Прилеп).

Оваа работилница беше наменета за младите, бидејќи тие имаат најголема потреба од Отворање на Младински Центар. Работилницата се спроведи со цел да овозможи активно учество на младите односно користејќи ги различните форми како и дигиталните платформи за да го искажат својот глас.

На Работилницата, фасилитирана од страна на Мобилизаторите на заедницата со млади од средните училишта, беа промовирани 2 аудио поткасти, снимени во рамки на проектот за значењето и улогата на Младинскиот Центар како и за активностите кои треба да ги нуди еден Младински Центар, беа презентирани и препораките од младите кои произлегоа од првиот ИНФО ден. Потоа на младите им беше дадена можност да остават свои коментари, мислења, идеи и ставови во однос на тоа Каков тип на активности сакаат да нуди Младинскиот Центар, на овој начин се овозможи активно учество на младите.

Преку оваа активност директно опфативме 9 млади од општина Прилеп, кои беа учесници на работилницата.

Младински Совет Прилеп ги сумираше мислењата и перцепциите на младите во вид на препораки, кои подоцна по спроведувањето на останатите 4 работилници и 2 ИНФО ДЕНОВИ, предвидени да се реализираат во месец јануари и февруари 2023 год., ќе бидат преточени во Позициски документ кој ќе биде доставен до Градоначалникот и Советот на Општината и јавно промовиран на веб страните на Младински Совет Прилеп и Радио Пулс.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот." #CHinMK


Print   Email