Креативна работилница

Младински Совет Прилеп и  групата на волонтери Еко-агенти за иницирање и организирање на еколошки акции при МСП одржаа креативна работилница по повод престојните празници во Новата Година. 

Целта на работилницата беше да се поттикне креативноста кај младите преку декорација на новогодишни и божиќни украси, користејќи пластични шишиња и нивно рециклирање и на тој начин ја промовираа програмата за волонтерство преку еколошка акција. 

На нареден состанок овој тим на волонтери ќе започне со планирање на активности за периодот што следи вклучувајќи ги и другите млади од Прилеп, се со цел зголемување на учеството на младите во локалната заедница преку еко-акции придонесувајќи за подигнување на еколошката свест кај младите за зачувување на здрава животна средина на локално ниво и промовирање на еко-активизмот кај младите. 


Print   Email