„5 - ти Декември“ - Меѓународен ден на волонтерството

„5 - ти Декември“ - Меѓународен ден на волонтерството

„5-ти Декември“ е посебен ден за сите поединци и организации кои се занимаваат со доброволна работа – Меѓународен ден на волонтерството.  

Овој датум беше посебен и за Младински Совет Прилеп, бидејќи како и секоја година така и оваа година, формираше нова група на волонтери и го прошири својот Волонтерски тим. По повод денот на волонтерството, 5-ти Декември, Младински Совет Прилеп одржа работилница со волонтерите. Работилницата беше интерактивна, волонтерите ги запишуваа своите размислувања околу придобивките, вредноста, влијанието и мотивацијата на волонтирањето.  

Волонтерите дојдоа до заклучок дека придобивките од волонтирањето се повеќекратни. Може да бидат доста забавни приказни за споделување и запознавање нови луѓе кои стануваат пријатели. Тие внесуваат поинаков начин на размислување во организацијата, ја подобруваат организацијата, проектот и заедницата. Работилницата беше инспиративна, волонтерите стекнаа длабок увид во работата и минатото на МСП. Второ, волонтерите беа во можност да го кристализираат она што е суштината на волонтерството. Трето, и покрај тоа што некои од нив никогаш претходно не се сретнале, многу брзо стана јасно дека ја делиме истата искра што нè мотивира да ја поттикнеме солидарноста и дијалогот и на локално ниво и преку граници. 

Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември е одлична можност да се рашири духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да го направиме нашето опкружување поубаво место на живеење. 


Print   Email