Координативна средба на имплементаторите на проектот Младинска Гаранција

Координативна средба на имплементаторите на проектот Младинска Гаранција

Регионалниот координатор од Младински Совет Прилеп за Гаранција за млади учествуваше на Координативна средба.

На 13.05.2022 година во Скопје се одржа координативна средба на имплементаторите на проектот Младинска Гаранција за обезбедување на техничка и административна поддршка од АВРСМ.
По воведното обраќање од регионалниот координатор на Пелагониски регион, Марија Ташкоска, во групата се претставија присутните претставници од АВРСМ и теренските работници. Се премина дирекно на дискусија и размена на идеи во однос на моделите на имплементацијата на Младинската гаранција.

На средбата се разговараше за досегашниот тек на реализација, се споделуваат информации и наоди добиени од теренските активности и исто така се креираат препораки за унапредување на теренските активности.

Гаранција за млади е програма која што на младите им се обезбедува можност за обука, преквалификација, основање сопствен бизнис, вработување или образовна надградба.

Агенција за вработување на Република Северна Македонија започна со имплементација на „Гаранција за млади“ во 2018 година, како пилот – активност во 3 центри за вработување (Скопје, Струмица и Гостивар), а во 2019 година се имплементираше низ целата држава, со посебен фокус на три региони (Полошки, Североисточен и Југозападен), каде е најголем бројот на млади лица кои припаѓаат на категоријата NEET. Во периодот 2020-2022, оваа мерка е поддржана преку IPA II програмата “ЕУ за младите”, во 3 региони (Полошки, Североисточен и Југозападен + Ресен).

#EuropeanYearOfYouth #youth


Print   Email