Обука за модератори на фокус група

Обука за модератори на фокус група

МСП новости Hits: 455

Младински Совет активно учествуваше на „Обуката за модератори на фокус групи“.

Обуката се реализираше во периодот од 4-ти до 6-ти ноември во Струга и на истата присуствуваа младински работници од 10 Општини од Македонија. 
Во текот на месец ноември ќе се реализираат последователни локални активности со млади во насока на 
мотивирање и поттикнување на младите луѓе да учествуваат во создавањето на медиумски содржини како и тие содржини критички да ги осмислат и променат. 

Обуката е дел од проектот "Млади Медиуми", спроведуван од страна на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со Радио МОФ, и УГД ФМ Универзитетско радио, а поддржан од страна на Дојче Веле Академија, финансиран од страна на Република Германија – Сојузно министерство за економска соработка и развој (Bundesministerium für wirtschaftliche zusammenarbeit und Entwicklung). 

Print