Обука на тема  „Истражување и застапување на јавни политики“

Обука на тема „Истражување и застапување на јавни политики“

МСП новости Hits: 816

Членовите на Младински Совет Прилеп зедоа учество на обуката на тема „Истражување и застапување на јавни политики“.

Обуката се реализираше во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, којшто го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волентерски Центар Скопје и Forumi Gruas. Обуката се одржа во Хотел Дрим, Струга од 30 март до 01 април 2022 година. Теми коишто беа опфатени на оваа обука се: Концепти на влијание на јавните политики, Истражување на јавните политики и начините на собирање податоци, Анализа на засегнати страни и мапирање на процесот на носење одлуки и Документ на јавни политики. Цели на обуката: Да се подобрат знаењата за застапување врз база на докази во насока на зајакнати компетенции на граѓанските организации за локално застапување на младинските потреби.

Во време испреплетено со неизвесности, турбуленции и секојдневни промени, менаџментот на граѓанските организации има клучно влијание за успешноста, но и за опстанокот на организациите, кои се повеќе знаат дека добрите намери не се соодветна замена за раководење, одговорност, извршување на задачите и резултатите. Лобирањето е клуч за успех на секоја граѓанска организација, креативна тензија за создавање поддршка или заштита на општествените вредности на заедницата.

Само со навремена реакција, со мобилизирање на сите ресурси, со лобирање во медиумите, или со популаризација и афирмативни акции, менаџерското лобирање обезбедува резултати за идејата што се „продава“. На тој начин, граѓанската организација како непрофитна може да се одржува, да обезбеди ефективност и ефикасност и да ја оствари својата мисија.

#EuropeanYearOfYouth

 

Print