Промоција на резултатите на проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“

Промоција на резултатите на проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“

Еразмус + Hits: 696

Oд 24-ти јуни до 1-ви јули, во Струга се одржа меѓународна Младинска Размена во рамки на проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“. Целта на проектот беше да се зајакне социјалната вклученост преку промовирање на медиумската писменост кај младите кои живеат во руралните области и да се даде можност да излезат од нивната комфорна зона и да учествуваат во неформални активности. 

После завршување на размената, учесниците од партнер земјите имаа за задача да спроведат последователна активностРаботилница со локални млади, се со цел да се презентира мноштвото на искуства, активностите како и спроведените резултати од размената, вооедно промовирајќи ја и одржливоста на проектот.
Целна група на последователната активност беа млади лица на вораст од 17 – 24 години, полни со ентузијазам и мотивација да научат повеќе за можностите и животните искуства кои ги нуди програмата Еразмус +, кои беа дискутирани на првата сесија од локалната работилница. 
На втората сесија се осврнавме кон презентација на целите, сесиите со активности, како и аутпутите кои што произлегоја од размената:  

Учесниците на последователната активност беа мотивирани да го доживеат истото искуство и покажаа голема волја за учество во меѓународни проекти. 

Print