Одржан првиот состанок со партнерите на проектот „A step of Rural Youth towards the future“

Одржан првиот состанок со партнерите на проектот „A step of Rural Youth towards the future“

Еразмус + Hits: 554

Во рамки на проектот „A step of Rural Youth towards the future“ се одржа првиот состанок со партнерите.

Во јуни 2022 година, партнерите на проектот „A step of Rural Youth Towards the Future“ го одржаа својот прв онлајн состанок и разменија мислење за проектните активности.

„A step of Rural Youth Towards the Future“ е проект кој Младински Совет Прилеп го започна на 1 октомври 2021 година а ќе се спроведува до 30 септември 2022 година. Проектот се спроведува во партнерство со Stowardzyszenie Edukacja Prez Internet од Полска, System and Generation од Турција и Prosec од Шпанија.

Главен фокус на проектот се младите од рурални средини, односно нивната изложеност на лажни информации споделени од медиумите и затоа е неопходно да се зајакнат нивните капацитети за препознавање. Неопходно е да се поддржи оваа група на млади во остварувањето на нивните квалитети и потенцијали, преку интеркултурно учење со други млади од европските земји, што истовремено ќе влијае на стекнување на вештини за критичко размислување и отпорност на лажни информации и манипулации.

Со имплементација на проектот, Младински Совет се стреми да ја зајакне социјалната вклученост кај младите луѓе кои живеат во рурални области и имаат географски и економски бариери. Со промовирање на медиумската писменост меѓу нив, во исто време, промоција на европските вредности, интеркултурното учење ќе се влијае на соработката со врсниците од европските земји.

На онлајн состанокот се пристапи кон планирање на активностите и запознавање на проектот во целост, неговите потреби, цели и очекувани резултати.

Во текот на состанокот, главен фокус беше ставен на Младинската размена, како главна активност на проектот, којашто ќе се одржи во Струга од 24 јуни до 1 јули.

Предвидено е размената да опфати теми поврзани со предизвиците со кои се соочуваат младите од руралните средини и нивното ниво на медиумска писменост како најголем предизвик, што ќе придонесе за поттикнување на развојот на социјалните и интеркултурните компетенции, критичкото размислување и медиумската писменост кај луѓето со географска и економски пречки.

Проектот „A Step of Rural Youth Towards the Future“ е финансиски поддржан од Erasmus+ програмата.

#EuropeanYearOfYouth #youth #youthexchange

Print