Интервју со Марија Ташкоска од Младински Совет Прилеп

Интервју со Марија Ташкоска од Младински Совет Прилеп

Еразмус + Hits: 994

Учесниците на проектот „Развој на критичко мислење, комуникациски и социјални вештини“ имаа интервју со Марија Ташкоска - Програмски асистент во Младински Совет - Прилеп.

Во рамките на проектот Развој на критичко мислење, комуникациски и социјални вештини кој што го спроведуваше СОЕПТУКузман Јосифоски - Питу на кој што учествуваа 6 ученички во Бреаза, Романија, Младински Совет - Прилеп даде свој придонес преку споделување на досегашните искуства од работа и мотивацијата за вклучување на младите во работата на младинските организации и во неформалното образование.
Во прикажаното видео Марија Ташкоска од Младински Совет- Прилеп даде одговор на прашањата за кој што учениците пројавија најголем интерес за работата на организацијата.

Главниот аспект на самиот проект е да се поттикнат граѓаните да имаат критичко и доследно размислување со што би биле поемпатични, разумни и рационални. Самиот проект се стреми кон отворање на можности за младите самите да се откријат, да ги реализираат своите можности и улоги во современата демократија и сите процеси на тој политички систем, што понатаму ќе влијае на нивните животи.

Главното јадро на проектот се четирите младински размени на кои што беа обработени следните теми: 
  • Имиграција
  • Демократија и кршење на човековите права
  • Дискриминација и нејзините форми
  • Социјална мотивација
  • Заеднички кадар
Проектот низ текот на младинските размени имаше за цел да го поттикне развојот на критичко размислување, развој на комуникациски и социјални вештини, активирање на младите да комуницираат за прашања од животот во заедницата, да се стави основата на слободно размислување и дејствување, да се промовираат вредности како што се меѓусебно почитување, толеранција , демократија, да се проследи интеркултурното учење, развој на соработка и размена на идеи меѓу студентите низ Европа.

Проектот се реализира во партнерство со училишта од Италија, Романија, Чешка и Турција. Во рамките на проектот предвидени се две мобилности во Романија и Чешка. Проектот е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната Агенција за Европски Образовни програми за мобилност во Македонија.

Во продолжение можете да го погледнете видеото од интервјуто:

https://www.youtube.com/watch?v=FXxNDHev1do

#EuropeanYearOfYouth #interview #youthworker #youth

 

 

Print