ТОТ обука за препознавање и справување на/со насилен екстремизам во училиштата.

ТОТ обука за препознавање и справување на/со насилен екстремизам во училиштата.

Демократија Hits: 1194
Во периодот 26 - 28 мај во хотел „Бисер“ - Струга, во рамките на проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ се спроведе ТОТ обуката за препознавање и справување на/со насилен екстремизам во училиштата.
Обуката се спроведе со стручната служба на 5 училишта од општина Прилеп, а истата траеше 3 дена.
Целта на обуката е учесниците да се стекнат со соодветни знаења и вештини за рана детекција, препознавање (pull и push фактори) и справување со насилниот екстремизам (интерни протоколи за упатување).
  
Младински Совет Прилеп им се заблагодарува на сите учесници за нивната посветеност, мотивираност и ангажираност, а посебна благодарност испраќа до обучувачите на обуката Ана и Иван.
 
Проектот „Отпорни училишта за отпорна заедница“ го спроведува Младински Совет Прилеп, со поддршка на Горум МНЕ, финансиран од Европската Унија и Министерство за Јавна Администрација - Црна Гора.
Print