Одржан првиот состанок со партнерите на проектот „Introduce Youthself“

Одржан првиот состанок со партнерите на проектот „Introduce Youthself“

Во рамките на проектот „Introduce Youthself“ се одржа првиот состанок со партнерите.

Партнерите ги дискутираа активностите на проектот и подготвија оперативен план за спроведување на следниве активности: Состаноци со партнери (транс-национални состаноци), Креирање методологија за прирачник (прашалници и форми за само-проценка на компетенции и вредности, Тестирање на методологијата со млади лица (методологијата од прирачникот), Изработка на мобилна верзија и/или веб апликација од методологијата за верификација, Тестирање мобилната апликација со млади лица, Превод на апликацијата на јазици од партнерите на проектот, Подготовка на мобилната апликација и Пуштање во употреба на мобилната апликација.

Првиот транс-национален состанок се одлучи да се одржи  во Леида, Шпанија.  Младински Совет ќе биде организатор на четвртиот транс-национален настан. На состанокот се договорија и шест мулти- плаер настани, од кои Младински Совет Прилеп ќе одржи два настани,  едниот  со физичко присуство, а другиот  е виртуелен настан.

Цел на проектот е: младите со помалку можности и без обука или курсеви, а имаат одредени компетенции и вештини кои ги прикажуваат во своето CV да можат да ги валидираат и да се изнајде начин преку кои некаде ќе можат да бидат валидирани нивните вештини и компетенции, а тоа да не биде како со сертификат. Со проектот би се докажале: Компетенции (знаења, вештини и способности) и Вредности (одговорност, навременост, посветеност.

Associació PROSEC го спроведува проектот „Introduce Youth self“ во партнерство со Fundacja Sempre a Frente од Полска, Foroige од Ирска, SDRUZHENIE WALK TOGETHER од Бугарија, UNIVERSIDAD DE LLEIDA од Шпанија и Младински Совет Прилеп од Македонија, истиот е финансиран и поддржан преку програмата Erasmus+, Клучна акција 2, Стратешко партнерство и иновации во периодот од 1 ноември 2021 до 1 ноември 2023 година.

 #EuropeanYearOfYouth #introduceyouthself #youth #youthself


Print   Email