Обука на тема „Вградување на родовата еднаквост во организациските правила и процедури“

Обука на тема „Вградување на родовата еднаквост во организациските правила и процедури“

Членовите на Младински Совет Прилеп зедоа учество на обуката на тема „Вградување на родовата еднаквост во организациските правила и процедури“.

Обуката се реализираше во рамки на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, којшто го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село, Волoнтерски Центар Скопје и Forumi Gruas.

Обуката се одржа во Хотел Дрим, Струга од 06 до 08 април 2022 година. Теми коишто беа опфатени на оваа обука се: Основни концепти на родовата еднаквост, Меѓународни документи кои ја третираат родовата еднаквост, Фактичката состојба на жените во целoкупниот социо-економски контекст во нашата држава, Интегрирање на родовата перспектива во програмското работење на организациите и Подготвување на родово сензитивен проект. Цели на обуката: Да се зајакнат вештините на граѓанските организации за вградување на родовата еднаквост во организациските правила и процедури.

Родовата нееднаквост не се сфаќа сериозно, со тоа што законите немаат дискриминирачки норми се перцепира како доказ дека не постои дискриминација и дека е постигната полна еднаквост. Од друга страна, бројките се јасни и недвосмислени.  Жените се помалку присутни од мажите на раководните позиции не заради тоа што се помалку квалитетни, затоа што помалку знаат или затоа што не сакаат да учествуваат во власта, туку едноставно заради тоа што се жени. Всушност, најтешко од се е да се објасни сложената спирала на дискриминација која корените ги влече илјадници години наназад и која создала комплексна матрица на различно перцепирање на улогата на жените и мажите во заедницата. Оваа комплексна матрица ја сочинува огромен број аспекти поврзани со религијата, традицијата, навиките, семејниот модел, литературата, народното творештво, секојдневната пракса и е заокружена во родовата социјализација. Токму со родовата социјализација започнува поинаквиот третман на жените и мажите. Луѓето од најмала возраст учат како да бидат женски и машки, односно, учат за општествените очекувања и ставови поврзани со нивниот пол.

Ваквата ситуација никако не може да се промени сама од себе. За нешто да се промени потребно е свесно делување, форсирано, до ниво на афирмативна акција која ќе го смени дебалансот во позицијата на жените и мажите.

#EuropeanYearOfYouth  #training

 


Print   Email