На 7-ми и 8-ми мај во Струга, Коалиција на младински организации СЕГА организираше Обука за теренски работници и регионални координатори за Гаранција за млади кои ќе работат во Пелагониски, Вардарски, Полошки и Југозападен регион.
На обуката учество зеде и Младински Совет Прилеп како регионален координатор за Пелагониски регион во спроведување на теренски активности за младинска гаранција.
Мерката Гаранција за млади им овозможува на младите лица до 29 годишна возраст, кои не се вработени, ниту вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во АВРМ.
#EuropeanYearOfYouth #youth #training