8 Ми Март-Меѓународен ден на жената

8 Ми Март-Меѓународен ден на жената

Европски Солидарен Корпус Hits: 897

По повод празникот 8 Ми Март-Меѓународниот ден на жената, Младински Совет Прилеп заедно со ИНФО СEГА и ЕВС волонтерите од Турција, Италија и Франција  одржаа креативна работилница во основното училиште „Рампо Левката“ во Прилеп.

На работилницата учениците изработуваа честитки за своите мајки, цртаа, креираа, се дружеа и се забавуваа.

Младинскиот совет им се заблагодарува на учениците за нивното несебично гостопримство и отвореност за соработка, а посебна благодарност до наставничката Габриела Салатоска

 Младинскиот совет Прилеп и Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА заедно со локалните и ЕВС волонтерите ќе продолжат со спроведување на креативни работилници.

Print