Работилницa по повод Прочка

Работилницa по повод Прочка

На 26 февруари, Младински Совет Прилеп заедно со ИНФО СEГА и ЕВС волонтерите од Турција,

Италија и Франција одржаа креативна работилница во Основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп по повод Прочка. 

 На работилницата, учениците изработуваа маски за Прочка, цртаа, креираа, се дружеа и се забавуваа.

Младинскиот совет со нетрпение очекува повторна средба со учениите, а исто така и им се заблагодарува за нивното несебично гостопримство и отвореност за соработка. 

  Младинскиот совет Прилеп и Младинскиот информативен и советодавен Центар ИНФО СЕГА заедно со локалните и ЕВС волонтерите ќе продолжат со спроведување на креативни работилници.


Print   Email