Моите први впечатоци за Прилеп-Сезер Јуксел

Моите први впечатоци за Прилеп-Сезер Јуксел

Написи и весници Hits: 299

Македонија и градот Прилеп ги посетувам по прв пат во мојот живот.

Кога за прв пат пристигнав на скопскиот аеродром, јас бев импресиониран, но и покрај лошата состојба со COVID-19 Македонците беа позитивни, а исто така чекав 1 месец границите да бидат отворени за да можам конечно да го започнам моето волонтирање во Македонија.
Кога пристигнав на автобуската станица во Прилеп, ме пречекаа Евгенија и Мери и други волонтери кои ме очекуваа во нашиот заеднички стан. Другите волонтери се од Франција и Италија.
Морам да кажам дека има околу  7 степени температурна разлика помеѓу Бурса и Прилеп и тоа е многу голема промена за мене.
Всушност, се чувствувам премногу среќен  “затоа што имаме премногу заеднички работи, храна, зборови и историја меѓу Турција и Македонија.

Навистина ми се допадна центарот бидејќи има сè што ви треба: банки, кафе-ресторани и продавници. Постојат многу паркови и убави места за прошетка, исто така има и плоштад со средна големина.
Омилен дел ми е во рестораните што и да нарачате, одма ви носат шише вода. 
навистина ми се допадна тоа :)

Но, не можам да се навикнам на времето, бидејќи е премногу топло .
За мене лично, Прилеп го гледам како мала Бурса.

Претпоставувам дека тоа се сите впечатоци што ги добив за само два дена .

Ви благодарам на вашето внимание

Волонтер : Сезер Јуксел - Република Турција

Презентацијата на Сезер погледнете ја тука.

Print