Семинар за контактирање во Полска

Семинар за контактирање во Полска

Еразмус + Hits: 1269

Помеѓу 1 и 6 Декември, волонтер од Прилеп имаше можност да учествува на семинарот за контактирање организиран од Europejskie Forum Młodzieży,

Семинарот се одржа во Поланица Здрој, Полска.

Основната цел на овој проект беше да се отвори вратата за идните партнерства и соработка меѓу невладини организации од различни делови на светот. Покрај тоа, учесниците на овој проект имаа можност да научат повеќе за состојбата на младинскиот сектор во другите земји.

Целите на овој проект беа успешно постигнати ,преку разни активности како што се работилници, сесии за градење тимови, интерактивни игри, задачи за креативност и друго.

За време на семинарот, нашиот волонтер од Прилеп  имаше можност да сподели идеи, искуства со 25 учесници кои доаѓаат од 13 различни земји. Нашиот волонтер од Прилеп е среќен што значително го зголемил своето знаење од оваа област, ги зајакнал своите способности и ги наполнил своите извори на мотивација да продолжи да работи.

Print