Младинско поврзување

Младинско поврзување

Име на проектот: Младинско поврзување

Цел на проектот: Овој проект има за цел да ги подобри мултиетничките односи меѓу младите од општина Прилеп и младите од општина Долнени, село Црнилиште, исто така, да им овозможи да се доближат едни до други и да формираат јадро на помагачи (врснички воспитувачи) од различни етнички заедници . Активностите вклучуваат организирање на 32 работилници за врсничка едукација, 4 заеднички состаноци за взаемно запознавање и комуникација, 2 заедно состаноци за идентификација на проблемите на младите во двете заедници и 2 евалуативни семинари. Во проектот директно учествуваа 60 млади (50% од нив се со македонска националност, а 50% се со албанска националност). Овој проект траеше 6 месеци.

Date

14 September 2005

Tags

Проекти